На предлог на Комисијата за општествени дејности било заклучено дека за безбедност на основните и средните училишта треба да се обезбеди постојана чуварска служба, видео надзор и континуирано присуство на полицијата.Со вакви преземања, според членовите на Советот ќе се придонесе за намалување на опасноста од ширењето на наркоманијата, како најголема опасност за младите.
Заклучено било и дека е потребно да се обезбеди осветлување на училишните дворови, но и на повеќе улици и објекти што се наоѓаат во нивна близина. Токму тие неосветлени простори, според членовите на комисијата, се збиралишта каде нарко-дилерите им продаваат дрога на учениците.
Обврските, утврдени на состанокот, заедно ќе треба да ги реализираат Градоначалникот, Советот на општина Охрид, МВР, Центарот за социјални работи и Агенцијата за млади и спорт.