Синоќа околу 23 часот во Скопје на ул.„Фуштанска“, од страна на  две непознати   лица кои се возеле на   веспа, била фрлена засега   непозната  експлозивна направа, при што е  предизвикано  оштетување на патничко возило“Пежо 307“ со скопски регистерски таблички, сопственост на Б.С.(32) од Скопје. Од настанатата експлозија нема  повредени лица. Увид на лице место е извршен од страна на  екипа од Одделението за крим техника  при СВР-Скопје и екипа од Одделот за антитерозизам, при што за вештачење се земени примероци од експлозивната направа. СВР Скопје  превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.

Ohridnews
извор:МВР