62- годишен Италијанец, Виторио Иноченте успеа да го собори сопствениот светски рекорд во подводен велосипедизам од 2005 година,  нуркајќи на него на 65 метри под површината на морето. Подвигот на екстремниот спортист во „најдобрите години“ го признеле и од Гинисовата книга на рекорди, чии судии допатувале од Лондон за таа прилика.


За почеток, со помош на Европскиот нуркачки центар од Санта Маргарита и техничар од компјутерската фирма Цреси, специјално прилагодениот велосипед „баракуда“, во морскиот резерват Портофино, се спуштил на длабочина од 28 метри.

Потоа и сам нурнал, а рекордната длабочина ја постигнал побрзо отколку што очекувал. Имено, проценил дека саканата длабочина ќе ја достигне после 160 метри возење по дното, но бидејќи бил во форма и добро подготвен, длабочината од 65 метри ја постигнал за 9 минути и 110 метри возење, низ дното со тиња, помеѓу карпи и алги, борејќи се со отпорот и притисокот на густата морска вода.