Учител од Монтана (САД), заработил неколку модринки и голема гребнатина на грбот откако со велосипедот удрил во мечка. Џим Литц се возел со велосипедот со брзина од 40 километри на час кога во последен момент ја видел мечката која се наоѓала на 3 метри пред него.
Не успеал да сопре и удрил во мечката, прелетал преку кормилото и ја удрил мечката во грбот. Двајцата се истркалале на патот. Мечката се превртела преку неговата глава, му ја скршила кацигата и го изгребала по грбот пред да избега во шумата. Набрзо после несреќата, сопругата со автомобил го однела во болница.