Стив Фејбс од Лондон пресметал дека за возење со велосипед 80 илјади километри ќе му требаат околу пет години. Седел во едно кафуле со атлас во едната и пиво во другата рака и размислувал колку време ќе му треба да мине шест континенти. Од тој момент веќе две години го планира патувањето.
Лекарот ќе го помине светот за да собере околу 60 илјади евра за здравствениот центар Мерлин, кој им дава помош на луѓето кои биле погодени од природни катастрофи, војни или епидемии. Спремил се што му треба за да преживее, од опрема за кампирање до сите потребни ситници. Вели дека истовремено е многу возбуден и исплашен.