Анализата на резултатите од 39 студии покажала дека вегетаријанската исхрана ја олеснува контролата на крвниот притисок, објавиле јапонски научници.
Податоци собрани од речиси 22 000 испитаници сугерираат дека вегетаријанците имаат понизок систолен крвен и притисок, и понизок дијастолен крвен притисок.

Според резултатите на јапонските научници, ваквото намалување на крвниот притисок е на долг рок поврзано со 9% помал ризик за срцев удар и 14% помал ризик од мозочен удар.
Научниците веруваат дека ваквото влијание на вегетаријанската исхрана е можно да се објасни со намалениот внес на соли и зголемен внес на калиум и протеини од растително потекло. Резултаите од новото истражување се објавени во стручното списание JAMA Internal Medicine.

извор:metro-portal.hr