Сојузот на стопански комори – ССК се оградува од мерките објавени во вториот сет од страна на Владата, со појаснување дека од нивна страна се барале системски мерки за сите засегнати микро, мали и средни претпријатија без оглед на дејноста, а кои се засегнати од кризата. Наместо тоа со оваа делумна помош не се постигнува крајната цел, а тоа е да се сочува економијата и да се задржат работните лица особено за оние правни лица кои се најмали и незаштитени и на кои овие потреси ќе им го уништат целиот труд да се самовработат и да си ги издржуваат семејствата, велат од ССК..
Би сакале да потенцираме дека воведување на системски мерки беше важно и тоа во економски пакет од страна на Владата по примерот на многу држави кои реално и вистински би ја подржале економската стабилност и работењето на домашните компании. Затоа ги предложивме на Економскиот совет и исто така и на писмено ги доставивме следните мерки за претприемачите и микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата:
- Владата да одобри поддршка од 100% нето платата за следните 3 месеци
- Владата да ги покрие сите даноци и придонеси на платите за вработените за следните 3 месеци
- Правните лица кои се погодени од кризата да не плаќаат аконтација на данок на добивка во 2020 година
- Мораториум на сите казнени камати како и камати на задоцнето плаќање на обврски за следните 6 месеци
- Вработените кои припаѓаат на групата лекари, трговци и сите кои сега се најоптоварени и под ризик, од владата да им се исплати еднократен бонус
- По изминувањето на кризата да се изнајде соодветно решение како средствата да се вратат во буџетот согласно можностите на претпријатијата
Сојуз на стопански комори
Сојузот на стопански комори укажува дека бидејќи до сега немаше употребливи мерки кои важат за сите правни лица, дел од нив одјавија вработени, додавајќи дека тие тоа не го прават по своја желба или волја туку под притисок од страв за неликвидност и трупање долгови и обврски. Затоа според комората треба се отстрани критериумот намален број на работници
Да не се бара обемна документација, која институциите електронски можат да ја добават по службена должност. Со барање документи да се достават од УЈП, Централен регистар и други, правните и физичките лица се изложуваат во оваа криза на здравствен ризик од трчање по шалтери за издавање документи но и на непотребни трошоци во време и финансии (да се има во предвид дека голем број од нив особено микро и малите фирми, претприемачите и занаетчии немаат електронско банкарство ниту токени). – велат од ССК.
Сојузот на стопански коморисмета дека двата пакети економски мерки преложени од Владата се недоволни и нема да ги постигнат очекуваните резултати. Оттаму на секое претпријатие им препорачуваат да си преземе индивидуално деловно планирање за спас и за опстојување.
OhridNews