Умереното конзумирање алкохол поттикнува одредени делови на мозокот да бидат поактивни во процесите на учење и помнење, покажале резултатите на истражувањето при унверзитетот во Тексас, објавено во списание за неврологија. Кога станува збор за учењето и помнењето обично се мисли за свесна меморија, додека алкохолот го смалува капацитетот во понењето на податоци како што се имињата на колегите или места каде сте го паркирале автомобилот.


Меѓутоа, одредени учења се одвиваат на несвесно ниво и некои од нив се поттикнуваат од умереното конзумирање алкохол, објаснил Хитоши Морикава од универзитетот во Тексас. Истражувањето покажало дека изложувањето на алкохол, кое се повторува, ја зголемува способноста за учење во главниот дел на мозокот, што е спротивно со ставот на невролошката заедница според која зависноста од алкохол доведува до пореметување во учењето и помнењето.