Во рамки на проектот „СО УЧЕСТВО ДО ПРОМЕНИ – демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модeл на институција на јавно-цивилно партнерство“, во организација на здружението Медиа Артес од Охрид, членка на ЈАДРО, денеска со почеток во 13 часот во хотел Нова Ривиера во Охрид ќе се одржи јавен настан на кој ќе се дебатира за развивање на модели со локални специфики за формирање на културно-социјални центри во Битола, Охрид и Струга.

За таа цел веќе е започнат процес на консолидирање на актери од независната културна сцена за заедничко делување за воспоставување на нов модел на институција.

Работилницата во Охрид е финансирана од Министерството за култура на РМ, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

OhridNews