Широк Сокак пред Хотел Епинал - Битола
Од 26.07.2018 - 18:00 до 31.07.2018 - 23:59
Има премногу причини зошто да ја посетите Битола, а по заминувањето ќе имате дополнителни милион причини зошто повторно да и се вратите. ..
Сите народи кои поминувале низ Балканот, оставиле во Битола по нешто свое – адет, орнамент, табиет, музика, љубов… Сите убави вредности Битола ги прифати и ги вклопи во својот амбиент. Поминете само низ нејзините криви сокаци, за да може да ја почувстувате, вдишете – да го почуствувате и ритамот на Широк Сокак.
Баш тука, на оваа улица ќе го почуствувате шмекот на Битола – старата градска архитектура, убавите битолски чупиња, мирисот на изготвеното кафе, место каде што се создаваат првите љубовни состаноци.
И кога сме веќе на Широк Сокак, не можеме да оддолееме, а да не се напиеме кафе во култниот градски хотел Епинал, во надалеку чуената „Градска Кафеана“.
Овој дух, од неодамна продолжува на „Терасата Широк Сокак“ со традицијата на квалитетната музика, место каде модерните чалгии и разноличните бендови се совршена прилика да ја забрзаат секоја љубовна искра.
Лето Господово 2018 и 18 бендови кои ќе имаат за цел да го зајакнат чувството на крстопатот на љубовта – Широк Сокак.
На репертоарот на “Тераса Широк Сокак“ или како што Битолчани веќе ја нарекуваат „На Тераса“ ќе настапат повеќе звучни имиња меѓу кои Љубојна, Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Исмаил Лумановски, Band Off и многу други.
Сега постои уште една дополнителна причина зошто да и се вратите на Битола и на најзината добро познатата улица „Широк Сокак“, а и да бидете дел на некој од настаните организирани ова лето.
Епинал „На Тераса”e идеално место за ВАС и летните вечери!
OhridNews