Денеска од 21 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ започнува ревијата на филмови од македонскиот режисер Столе Попов, во соработка со Кинотека на Македонија.

Во летната бавча ќе биде прикажан филмот „Црвениот коњ“, додека во наредните денови ќе бидат пројектирани „Среќна нова 49-та“, „Гипсѕ магиц“, „Тетовирање“, „Оган“, краткиот филм „Дае“ и „Австралија“.

Влезот е слободен, а ревијата ќе трае до 25-ти овој месец.

OhridNews