Возбудувањата не изостанаа и на четвртиот ден од турнирот во мал фудбал „Петровден 2023“ во Мешеишта. Вечерва на програмата беа три средби кои ги задоволија вкусовите на публиката.

Вечерта ја отворија Подгорка и Стаклара Исмаилоски. Во интересен меч славеше Подгорка со 2:1.

Вториот натпревар го реши само еден гол.  Дебрца Експрес славеше над Бомбаши со 1:0.

Последниот натпревар вечерва донесе и најмногу голови.  Арена Мислешево убедливо загуби од Вабко Сервис Џуте со 0:4.

Турнирот „Петровден 2023“ во Мешеишта продолжува во недела со три средби, а се среќаваат:

20:30 Кафе бар 9 – Враништа

21:30 Св. Троица – Хотел Амбасадор

22:30 Пекара Лихнида – Игор Бенд Бушиноски

Г.М.