Мексиканската полиција соопштила дека жена која редовно просела во инвалидска количка во Монтереј, била забеежана како со трчање бега од местото каде што го направила кривичното дело.
Претставник од полицијата изјавил дека 30-годишната Ана Викторија Перес побегнала откако заедно со својот сопруг го скршиле излогот од една продавница. Ана можела редовно да се види по главните улици на Монереј, каде седејќи во инвалидската количка, која ја туркал нејзиниот сопруг, ги молела возачите да и дадат пари.
Сопружниците наводно планирале да ја ограбат продавницата за мебел, но избегале кога го здогледале обезбедувањето. Полицијата ги уапсила кога се вратиле по инвалидската количка.