Секоја година како дел од ЦКА-ПХВ програмата, во периодот од 21-27 септември се одбележува ПХВ недела која е со цел да се поттикне креативноста на младинците и да се стават во акција нивните стекнати вештини.

Оваа година, неделата ја одбележуваат со театарска претстава „Приказна за една идеја“ која ќе се изведе вечерва во предворјето на црквата „Св. Софија“ со почеток во 20:00 часот.

Преку оваа претстава, младите ќе ја истакнат значајната улога на Црвениот крст како организација отворена за сите, со различни возрасти, професии, вери, националности, кои имаат желба да бидат корисни за заедницата и помогнат на оние на кои помош им е најнеопходна. И овој пат, на овој начин младите ќе упатат силна порака за унапредување на социјалната вклученост, култура на ненасилство, толеранција и мир.

Претставата трае 60 мин., а влезот е слободен.

Инаку, Програмата за промоција на хумани вредности е Национална програма која Црвен крст на Република Македонија ја имплементира во нашата држава повеќе од 20 години и која во последните неколку години опфаќа повеќе од 1200 млади. Во рамки на истата младите изработуваат т.н мали проекти со кои прават некои промени во нивните заедници.

OhridNews