Со пригодна свеченост, попладнево во општинската голема сала, се одбележа Денот на македонската револуционерна борба. Свеченоста започна со изведба на македонската химна од страна на охридскиот млад музички талент, Боби Мојсовски, по што на присутните им се обрати претседателката на советот на општина Охрид, Горадана Коњаноска, која истакна дека 23- ти Октомври, бил,е и ќе биде длабоко врежан во колективната меморија на нашиот народ.
– Епопеите на македонската револуционерна борба, од формирањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, Илинден 1903, Народноослободителната антифашистичка војна, АСНОМ и прогласувањето на суверена и независна Република Македонија во 1991 година биле инспирација за генерациите што ја граделе и градат. Горди и верни на слободарската традицијата на нашите претци, ние како генерација продолжуваме со нашата битка. Нашата битка е за подобар живот и просперитетна Република Македонија која успешно го оди патот кон евроинтеграциите. Нашата посветеност за развојот на Република Македонија и древниот Охрид е искрена и трајна, зошто сме свесни за одговорноста за иднината на сегашните и идните генерации, рече Коњаноска.
Во рамки на културно- уметничката програма покрај Боби Мојсовски, настапија и хорот, оркестарот и членовите од рецитаторската секција при гимназијата „ Св. Климент Охридски“ и актерот од Народен театар Охрид, Павел Маслов.
OhridNews