В сабота (16:30ч) со мечот меѓу градските ривали Охрид и Воска на „Атина Бојаџи“ започнуваат возбудувањата и мечевите во Општинската фудбалска лига.


ОФЛ сезонава брои 11 екипи што е реткост последниве години, а и квалитетот се зголеми со приклучувањето на новоформираниот клуб Охрид и Вулкан кој минатата сезона испадна од Третата лига.

11-те екипи ќе атакуваат на првата позиција и на четирите преостанати кои водат во плејоф натпреварите, а потоа мечеви за влез во Третата македонска фудбалска лига.

Во првото коло покрај Охрид – Воска ќе се сретнат Вулкан – Дебрца, Лакочереј – Злести, Славеј – Св. Петар, Вапила – Сатеска и Рудар е слободен.

Мх.П.