Амбасадорот Д-р. Ѓорѓи Филипов, му ги предаде акредитивите на јапонскиот император Акихито, со што и формално се отвора македонска амбасада во Токио.


Царот Акихито, кој како млад престолонаследник го има посетено Скопје веднаш по земјотресот во 1963 година, македонскиот амбасадор го удостои со државна церемонија, што е вистинска реткост. При тоа тој на амбасадорот Филипов  му се заблагодари за поддршката што народот на Македонија ја даде на Јапонија за време на катастрофалниот земјотрес, што се случи порано оваа година. Воедно царот Акихито изрази увереност дека двете земји ќе ги развиваат меѓусебните односи со позасилено темпо во сите сфери на интерес.


Македонскиот амбасадор Филипов и спонзорот на свеченоста Takashi Yamazaki


Здравица за убав почеток


Македонско оро во Токио

 
По предавањето на акредитивите се одржа свеченост на која присуствуваа  малубројните Македонци кои живеат во Јапонија, како и високи гости. На свеченоста се слушаше македонска музика,  а на екрани се прикажуваше промотивно видео од  Охрид, кое со воодушевување беше проследено од јапонските гости.


отворена македонската амбасада во Токио

Од Токио за OhridNews:
Адријан Битрак