Со средства од МОН ќе се реконстуираат фасадата, подови и внатрешното уредување на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко гo посетија основното училиште во кое за реконструкцијата ќе бидат издвоени 29.881.380 денари од буџетот на  Министерството за образование и наука.

Оваа активност е од особено значење како за МОН, така и за Општина Струга. Во таа насока порачувам дека само со заедничка визија ќе придонесеме за квалитетен образовен систем во Република Северна Македонија. И во услови на криза, приоритетите во насока на подобрување на образованието, за МОН и Владата остануваат непроменети, стои во објавата на министерот Шаќири.

OhridNews