Со потпишување на договор за финансирање  помеѓу  градоначалникот Никола Бакрачески , амбасадорката на  Сојузна Република  Германија во Република  Македонија, Кристине Алтхаузер и директорката на ЈУДГ „Јасна Ристеска”, Розе Костеска  денеска    во просториите на германската амбасада во Скопје,  се официјализира почетокот на  проектот  за обнова и   реконструкцијата на детското игралиште кај каналот„ Студенчишта“.

Според договореното за реализација на проектот  Германската амбасада и доделува гранд на општина Охрид во вредност од 485.259  денари или  7. 909 евра. Од овие средства    425.259 денари  ќе бидат наменети за  набавка и  инсталацијата на нови играчки за деца,  а  60. 000 денари ќе бидат наменети за обнова на заштитната ограда .

Во моментов општина Охрид ја подготвува тендерската документација за градежните активности кои се однесуваат на реконструкција на игралиштето. Вкупната вредност на проектот се проценува на 707.711 денари .

Игралиштето кај каналот „Студенчишта“ е изградено во 2005 година  со донација на ТЕЛЕКОМ и од тогаш не е обновено.

OhridNews