На анкетното прашање  „Кој треба да стопанисува со спортската сала“, безмалку 80% од читателите на ohridnews.com одговориле дека најдобро би било со спортската сала да управува градот. Многу помалку (само 6%) сметаат дека со спортската сала најдобро  би управувала државата. За трет субјект се одлучиле 15 % од учесниците во анкетата.

На прашањето одговориле 335 читатели.

Инаку “Билјанини Извори” конечно беше довршена во 1997, со помош на владата на тогашниот премиер Бранко Црвенкоски и свечено беше отворена со големиот ракометен женски турнир. Во 2000 година се одржа европско првенство во кошарка за млади до 20 години.

Иако се очекуваше по долги години стагнација, конечно охридскиот спорт да заживее, сепак тоа не се случи, а салата во изминатиот период натрупа огромни долгови. И државата и градот се покажаа како лоши управувачи. Можеби не е на одмет да се размисли за издавање на приватник.