Искусните пливачи Томи Стефаноски и Евгениј Поп Ацев како и Дејан Младеновски и победникот на „малиот маратон“ Александар Илиевски ќе ја преставуваат Македонија на охридскиот пливачки маратон на 24 август.

Според организаторите на маратонот листата учесници од Македонија може да се зголеми во машка конкуренција додека и оваа година нема женски преставник.

Патеката „Климе Савин“ која е во должија од 30 километри ќе добие нов владетел откако Бугаринот, Петар Стојчев, кој е единаесеткратен победник одлучи да стави крај на пливањето.

Охридскиот пливачки маратон е претпоследен во ФИНА гран при серијата и се очекува да решава за конечниот пласман додека точка на маратонското пливање ќе се стави во Наполи.

Ohridnews