Министерството за труд и социјална политика денеска  го промовираше повикувачкиот центар(„Call centаr“) за борба против корупцијата.

Министерството за труд и социјална политика, го воведе телефонскиот број 15133 на кој граѓаните ќе можат да се јавуваат и да пријавуваат корупција и друго незаконско постапување на вработените во Министерството.

Воведувањето на СОС телефонот за борба против корупцијата е дел од имплементација на Акцискиот план на Владата за борба против корупцијата 2007-2011 и имплементација на Државната програма за превенција и репресија на корупцијата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Ohridnews