По неколку годишна апситенција на кошаркаската женска сцена се вратија стружанки, преку екипата на Струга 2009. Згасна моќниот колектив во името на Кимико, па сега тренерот Владимир Ѓоровиќ ќе се обиде со сопствени домашни сили да ја врати женската екипата на Струга во врвот.
– Најбитно е во сите тие години со Кимико е што ние работевме во младинските категории за да ја пополниме таа празнина што се случи. Имавме одлични резултати во младински категории, девојките созреаа и поради слабиот квалитет на мечевите во младинските категори како и малиот број на натпревари одлучивме да се пријавиме и да се натпреваруваме во прва женска лига -вели Ѓоровиќ.
Ростерот на Струга 2009 е пополнет со кошаркарки од сопствениот погон, а добар дел од нив и се репрезентативки на Македонија во младинските селекции. – Пола сезона ќе ни биде доволна да ги минеме овие детски болестки, по што очекувам да “набиеме“ некое искуство и самодоверба. По четири кола имаме една победа и три порази кои беа во најголем дел беа плод пред се на неискуството, на пролет очекувам подобрување, а од следната година сметам дека ќе се замешаме во траката за некој од титулите – истакна Ѓоровиќ.
По поразот од Колибри во Охрид, стружанки позицијата на табелата ќе се обидат да ја поправат во наредната рунда кога на домашен терен ја пречекува екипата на Водњанаски Лисици.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com