Охридскиот Народен театар новата театарска сезона ќе ја започне денеска во 20 часот со изведба на претставата „Сон на летната ноќ“, од Вилијам Шекспир во режија на Иван Лео Лемо, чија премиера беше во август.

Охриѓани ќе имаат можност да ја видат претставата и во сабота 9- ти ноември со  почеток во 20.00 часот.

Во преставата играат актерите: Горан Стојаноски (Оберон, Тезеј), Јасмина Билаловиќ (Титанија, Хиполита), Адријана Билаловиќ (Хермија), Никола Тодороски (Лисандар), Билјана Билаловиќ (Елена), Ивица Цонев (Деметар), Билјана Танески (Задрогаз), Стрезо Стаматовски (Џејмсудин), Павел Маслов ( Елвис), како и помошниците Сашко Ристовски (Челик), Ташко Лаброски (Роки), Борис Велјаноски ( Бикче),  Наум Џулески ( Ромео) и Ева Костојчиноска и Арбена Далип (индиско дете).

OhridNews