На станиците од една линија на подземните железници во центарот на Токио, поставена е сина светлина која би требало да делува смирувачки на патниците. Со кружната линија Јаманота со вкупно 29 станици управува компанијата “Ist Dzepen relvejz”.
Од неодамна, на сите 29 станици поставени се сини светилки за да се намали бројот на самоубиства на шините, јавиле локалните медиуми.


Знаеме дека не е научно докажано дека сината светлина ги одвраќа луѓето од суицидните мисли. Меѓутоа, ако сината боја делува смирувачки на духот, сакаме барем да се обидеме да спасиме некои животи, изјавил претставник од компанијата задолжена за поставување на сините светилки на станиците.

Светилките се поставени на самите краеви од перонот од каде самоубијците најчесто се фрлаат под воз. Минатата година во Јапонија околу 2000 луѓе си го одзеле својот живот со скокање под воз.