Со симулациска вежба во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” започна кампањата за укажување на прва помош на Црвен крст Охрид.

Во просториите на училиштето беше реализирана симулација на пожар за учениците од прва и трета година.

Симулацијата започна со евакуација на учениците од страна на професорите и членовите на младинската заедница од училиштето, по што истите имаа можност да ги проследат процедурите за укажување на прва помош при санирање на три најчести повреди во ваква ситуација. Учесници во вежбата беа тимот за прва помош на Црвен крст Охрид како и тимот за укажување на прва психолошка помош, информираат од општинската организација.

Учениците по симулациската вежба, додаваат, проследија предавање на темата укажување прва помош од страна на обучени демонстратори по прва помош.

Од ОО Црвен крст Охрид информираат дека симулациски вежби во претстојниот двомесечен период ќе бидат реализирани во сите училишта.

OhridNews