На инфективното одделение во Воената болница е хоспитализиран само еден пациент, а вкупно се хоспитализирани 22 лица со симптоми на грип.
На Клиниката за детски болести во Скопје во изминатото деноноќие се хоспитализирани 6 нови пациенти и таму во моментов болнички се лекуваат 56 пациент со симптоми на грип (на возраст од шест месеци до пет години). Сите новопримени пациенти се со полесна клиничка слика, освен две деца, кои имаат потешка форма на пневмонија.
На Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, во изминатото деноноќие се хоспитализирани уште пет нови пациенти со полесна форма на пневмонија и таму во моментот се лекуваат 47 деца, ингормираат од Минситерството за здравство.