Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа со отстранување на насипите поставени на критичните места во охридско и струшко. Според најавите вреќите треба да се дислоцираат до петок и најверојатно привремо ќе бидат сместени во охридската касарна. Иако надлежните уверуваат дека тие се полни со песок, од неколкуте вреќи кои “случајно“ завршиле во водите на езерото можеше јасно да се забележи дека во нив имало и земја. За среќа нивото на Охридското Езеро интензивно опаѓа така што охриѓани можат да здивнат. Опасноста се чини пројде.


Со што беа полнeти вреќите?

OhridNews