Денот на националната независност и празникот на децата – 23 Април, беше одбележан со шарен и радосен базар во ОУ „Братство Единство“ во Охрид. Учениците од прво до деветто одделение подготвија разни јадења и рачно изработени украсни предмети, кои беа изложени на штандови во училишниот двор.

Настанот се одвиваше во празнична атмосфера и предизвика голема возбуда кај учениците и родителите. Базарот понуди живописни сцени – учениците ги претставуваа своите производи, се забавуваа и уживаа во радоста на споделувањето. Наставниците и родителите масовно учествуваа, што го зајакна чувството на заедништво и солидарност, велат од училиштето.

Во текот на базарот, посочуваат, учениците играа традиционални игри, танцуваа со музика и уживаа во различни изненадувања.

Овој значаен настан овозможи децата да ја искажат својата креативност и да се зближат со заедницата, додаваат од ОУ „Братство Единство“.

OhridNews