Шведската компанија „Странд Крафт“ лансирала на пазарот луксузна јахта долга 36 метри, а оној кој ќе ја купи на подарок добива автомобил. Таквиот потег воопшто не зачудува, со оглед на тоа дека јахтата чини 20 милиони евра. Таа веднаш го привлекла вниманието на богаташите низ светот и наводно веќе имало потенцијални купувачи.
Јахтата има четири големи соби, трпезарија, дневна соба и врвна телевизиска и музичка опрема. Брзината и изнесува околу 43 чвора. Во проспектот се наведува и тоа дека сопственикот не мора да се грижи што ќе прави со автомобилот, бидејќи во јахтата имало и гаража.