Преслаткото девојче Амара, родено е пред две седмици во „ Queen’s Hospital“ во Ромфорд во британскиот округ Есекс. Наизглед е иста како и сите други новороденчиња. но, малата Амара сепак по нешто е различна. По само три дена од раѓањето, ги зела нештата во свои раце. Го фатила шишето со млеко, го приближила до устата и почнала да јаде сама. Кога имала само три дена веќе научила сама да јаде. Сега веќе е стара неколку седмици, а нејзината мајка сеуште не може да верува што доживеала.

Во шок се и лекарите и медицинските сестри. Мајката раскажала дека плачела, била гладна, но доењето не и одговарало. Потоа и го приближила шишенцето, а таа го фатила и го приближила до устата. Оттогаш, мајката секојдневно ја фотографира бидејќи и понатаму не може да поверува деја нејзиното дете, толку мало, самостојно јаде.