Активностите од планинското трчање „Ohrid Ultra Trail” започнаа утринава со  подигнување на стартните  пакети на саемот пред на кејот пред Хотел Палас каде натпреварувачите и посетителите имаат можност да ги вкусат традиционални охридски и македонски рецепти како ѓомлезе, космишпите, проја, ајварче и макало и да се запознаат со градот и знаменитостите.

 

 

Годинава ни пристигнуваат 450 натпреварувачи од 20 земји и дел од нив веќе ги подигнуваат стартните бројчиња, а сакаат да вкусат од локалните специјалитети кои се изложени. На саемот се запознаваат со градот Охрид и со националниот парк Галичица каде и ќе се одвива трката преку промотивните материјали. Дел од натпреварувачите веќе пристигнаа во текот на вчерашниот ден и утринава, а најголемиот дел ќе пристигнат попладнево, вели Иван Кантарџиски од  Ohrid Ultra Trail 

 

 

Најголемата трка  која е носител на настанот на 100 км со 4,800 метри искачување ќе започне вечерва на полноќ од Кеј Македонија пред хотел Палас. Трката води низ  стариот дел од Охрид преку неколку села во пониските делови на планината Галичица кон Св. Наум. Овие тркачи e очекувано да поминат меѓу 12 и 26 часа, меѓу фаворитите и последниот тркач – за успешно комплетирање на патеката. Временските услови сега за сега се погодни за старт и не се очекува одложување.

 

 

Се ќе стартува на време, според најновата временска прогноза која ја добивме нема да има невреме, можно е во текот на ноќта да има наоблачување, но не се очекува дожд така да не се очекуваат промени, во секој случај активно следиме и доколку дојде до промена сите ќе бидат навремено известени, додава Кантарџиски.

Еуфоријата кај натпреварувачите како што додаваат од Ohrid Trail е на високо ниво и со нетрпение го очекуваат стартот.

 

Има доста спремни натпреварувачи како елитни атлети кои за најголемата трка дојдоа уште од вчера. Дел од нив прв пат учествуваат на Ohrid Trail, биле на многу меѓународни настани и им се допаѓа и регионот и планината од она што успеале да видат во текот на вчерашниот ден. Одвај чекаат да почнат, така да енергијата и расположението се на високо ниво.

Втората трка ќе започне во раните утрински часови на изворите на реката Црн Дрим каде ќе им се приклучат учесниците од втората планинска трка „Галичица Ултра“ која е долга 60 км со 3200 метри искачување. Третата трка „Самотска Треил“ од 40км и 2,000 метри искачување започнува од селото Пештани и преку селото Елшани се приклучува на главниот срт на планината Галичица низ заедничка маршрута со учесниците на двете подолги трки. Последната и најмала трка „Летница Треил“ – стартува од селото Велгошти и нуди панорамски погледи на градот Охрид и Охридското Езеро и ги предизикува учесниците на брза трка од 22 км со 1100 метри искачување. Тие, се соединуваат со останатите планински тркачи и заедно сите финишираат во Охрид на платото пред хотелот Палас на кејот Македонија.

 

K.A