Јапонската полиција уапсила љубител на женски долен веш кој го крадел со трска за ловење риби од соседните тераси.
Акиро Хина (51) бил уапсен минатата недела поради кражба на женски долен веш кој се сушел на терасата два ката под него. Вешот го крадел користејќи трска за ловење риби.
Полицијата во неговиот дом пронашла повеќе стотици парчиња долен женски веш. Хина наводно ги собирал полни 18 години.