На крилата од навивачката група „Рибари“ охридските ракометари во Битола против Пелистер ја забележаа четвртата победа сезонава во Супер лигата.
Поддршката на „гладијаторите“ против „чкембарите“ им беше неопхадна по оној шокантен пораз од Тинекс Пролет во „Билјанини Извори“.
Ракометарите на Охрид со победа им возвратија на своите навивачи кои дојдоа да ги бодрат своите миленици во „Младост“.
Сината боја е неизбежен декор на натпреварите без разлика каде ги игра охридскиот ракометен клуб.
Мх.П.