Мотоциклистите од Охрид во соработка со охридската полиција за прв пат заедно со ревијален круг низ градот ја одбележаа „Неделата на мотоциклистите“.
Заштитната парола на охридскиот Мото клуб е „Безбедно на мотор“, а во иднина ќе продолжат заеднички средби со охридската полиција.
– Се одлучивме заедно со полицијата да ја одбележиме „Неделата на мотоциклистите“. Ова го правиме се со цел да им помогниме на сите мотоциклисти и да ги тргниме лошите мислење за нашата полиција. Сите во сообраќајот, а посебно мотоциклистите мораат да бидат внимателни за избегнување на несакани трагедии – велат од Мото клубот „Охрид“.
На ревијалниот круг се појавија околу педесетина мотоциклисти со различни модели на мотори и беа вистински хит по охридски улици.
Мх.П.