Прекрасниот сончев ден, учениците од ОУ „Христо Узунов“, го искористија за организирано рекреативно возење, со што се придружија на одбележувањето на „Неделата на мобилност“, во рамки на која во Охрид беа организирани бројни настани кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај граѓаните да се намали употребата на автомобили за сметка на алтернативните и еколошки чисти превозни средства како што е велосипедот.

 

 

 

 

 

 

 

 


Придружувани од наставникот Тони Симоноски и велосипедската единица при СВР Охрид, учениците извозеа круг со велосипеди од ОУ „Христо Узунов“ до хотелот „Парк“ и назад.

Во рамки на „Неделата на мобилност“, Одделението за заштита и влијание на животна средина, при општина Охрид, организираше презентација и велосипедско дефиле, а Авто школата „Старс Инженеринг“, на сите основни училишта во општината, им додели илустрирани Информативни табли изработени според новиот правилник, со сообраќајна сигнализација, хоризонтална и вертикална, како и светлосни сигнални уреди кои ќе им помогнат на младите при управувањето со велосипед.

OhridNews

Велосипедско дефиле и бројни награди на одбележувањето на Денот без автомобили

„Старс Инженеринг“ со донација за училиштата за поголема сообраќајна едукација на учениците