Станува збор за превентивна мерка, бидејќи е докажано е многу поефикасно предупредувањето што вклучува фотографија од телесните промени и болести, кои настануваат како последица на пушењето, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство, д-р Бујар Османи.
Во Македонија годишно се трошат 60 милиони евра за лекување болести, како последица од пушењето, а загрижувачки се статистичките податоци дека зголемена е преваленцата на пушачи на цигари (млади на возраст од 13 до 15 години), од 8,2 во 2002 година, на 11,8 проценти – во 2008 година
Производството на сликовити кутии веќе се користи и дава резултати во повеќе европски земји меѓу кои Велика Британија, Романија, Белгија, скандинавските земји и други. Правилникот го подготвува Министерството за здравство, а ќе почне да се применува од септември 2009 година.