Според извештаите во нападот двајца фудбалери и две технички лица биле повредени, додека возачот на автобусот починал за време на нападот.
Играчот на Манчестер Сити, Емануел Адебајор не бил повреден во нападот.
Фудбалерите на Того по нападот побарале првенството да биде одложено. Того на стартот на африканскиот куп во понеделник треба да игра против Гана.