Оброците богати со протеини од животинско потекло,во истражување на кинески научници се поврзани со 20% помал ризик за мозочен удар.
Рибата има многу придобивки за телото, но тајната не е само во омега 3 масните киселини, туку и во протеините, велат истражувачи од универзитетот во Нанкинг, кои додаваат дека најизразениот позитивен ефект во однос на превенција од мозочен удар го имала консумацијата на протеини од рибно потекло.
Во просек секое зголемување на просечниот дневен внес на протеини за 20 грама би можело да се поврзе со дополнителни 26% намалување на ризикот за мозочен удар.
Истражувачите пресметале дека зголемувањето на дневниот внес на протеини на глобално ниво довело до намалување на бројот на луѓе починати од мозочен удар за 1.4 милиони годишно.
Внесот на протеини во претходни студии веќе бил поврзан со помал ризик за атеросклероза, зголемениот крвен притисок и дијабетесот.
извор:metro-portal.hr