Во рамки на 29-тата Поетска ноќ во Велестово, вечерва, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на книгата „16 бугарски поети – избор од современата бугарска поезија “. Промотор ќе биде проф.д-р Димитар Пандев.
Изборот на поезијата го направија: Јулијана Величковска, Славе Ѓорѓо Димоски и Зоран Јакимоски, а препевот е на Славе Ѓорѓо Димоски, Зоран Јакимоски и Игор Исаковски.
Со свои стихови ќе се претстават гостите од Бугарија: Владимир Левчев, Аксинија Михајлова, Ани Илков и Поли Муканова, а препевот на македонски јазик ќе го читаат Јован Цветкоски и Леа Новеска од НАТГ „Аматер“ од Охрид.
Промоцијата започнува во 20:30 часот.
OhridNews