Со промоција на книгата Детска градинка „Јасна Ристеска“ започнува одбележувањето на Денот на ослободување на Охрид. Книгата претставува краток историјат за периодот од 1950 до 1990 година од д-р Никола Митровиќ, а промоцијата ќе се одржи со почеток во 12:30 часот во централниот објект на JОУДГ „Јасна Ристеска“.
Утре, 7ми Ноември, од 10.00 часот предвидени се одбележување на патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец” во дирекцијата на јавното претпријатие, полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ на Градските гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св.Кирил и Методиј”, како и Панихида и полагање свежо цвеќе пред спомен – обележјето на Јасна Ристеска во с.Рамне.
Во 11.00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјата од НОБ во Спомен – паркот на револуцијата, а во Велестово, Вила „Билјанини Извори“ и градскиот плоштад ќе се одржи „Оhrid fly festival“ – проект на Параглајдинг клуб „Флај“.
Во 12 часот е закажана свеченост по повод 79 годишнината од ослободувањето на Охрид во Младински центар (комплекс Касарна) каде обраќање ќе има градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и претставникот на ОО на Сојуз на борци, Гоце Георгиески. Во рамки на свеченоста предвидена е и културно – уметничка програма.
Свеченaта приредба по повод јубилејот 60 години од основањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска” во СРЦ „Билјанини извори“ (спортска сала) ќе се одржи од 17 часот, а свечената програма ќе биде заокружена со седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче” во ОМУ “Методи Патче” (концертна сала) со почеток во 18.30 часот.
OhridNews