Со проекција на филмот „Судбина“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде спуштена завесата на 9-то издание на Францускиот филмски фестивал.

Режисер на филмот е Кристијан Венсан, а улогите ги толкуваат Фабрис Ликини, Сидс Бабет Книдсен, Ева Лалие.

Во филмот се раскажува за Мишел Расин кој е судија во Јавното обвинителство. Тој е строг кон себеси, колку и кон другите, со него секогаш се добиваат десет години повеќе. Се’ се менува оној ден кога Расин ја среќава Дита Лоренсан-Котрет. Таа е дел од поротата и треба да му суди на човек обвинет за убиство. Пред шест години, Расин ја љубел оваа жена, речиси во тајност. Можеби и единствена жена што некогаш ја сакал.

Фимот започува во 20:30 часот и влезот е бесплатен.

Во рамки на свеченото затвoрање на фестивалот ќе биде доделена наградата „Цезар 2016“ за најдобра актерка во споредна улога која ќе и се додели на Сидс Бабет Книдсен, а почесен гостин на свеченоста ќе биде режисерот Кристијан Венсан.

OhridNews