Во февруари ќе отпочне реализацијата на два проекти за намалувањер на невработеноста во општината соопшти денеска Секторот за Локален економски развој.

На 16 јануари општината Охрид потпиша договор со УНДП за реализација на проект за креирање на вработувањето кој ќе се реализира преку фирмите “Гица инкубатори“ и “АСП Пак“ Со проектот е предвидено вработување на 10 лица, по пет во компанија, од што половината ќе се лица со посебни потреби, ни изјави општинскиот координатор за реализација на проектот Ѓоко Апостолов. Проектот ќе се реализира 12 месеци, а во првите шест УНДП ќе ги субвенционира платите на апликантите во висина од 60 %. Исто така компаниите ќе добијат и по 2000 долари за оспособување за работа на лицата со посебни потреби. За реализација на овој проект веќе е распишан оглас, а ќе може да конкурираат лица не постари од 30 години кои се евидентирани како невработени во последните 12 месеци.


Ѓоко Апостолов

Наскоро, како што информираше Апостолов ќе продолжи и Проектот за посредување при вработување, на кој  за  разлика од претходниот кој успешно беше реализиран, ќе може да конкурираат покрај високообразовани и лица со средно образование, а старосната граница е подигната на 35 години. Наскоро ќе биде распишан оглас за  заинтересираните лица  и компании кои имаат потреба од работници. Со проектот предвидено е 30 лица да волонтираат во заинтерсираните компании три месеци, период во кој за нив ќе биде обезбеден паричен надоместок во висина од 5000 денари.

Со овие два проекти општината влезе во националната програма за потикнување на вработувањето, рече Апостолов кој најави дека наскоро ќе започне изработката на локалната стратегија за намалување на бројот на невработените, кој според последните податоци изнесува над 11.000.