Пролетната аукција на аукциската куќа Кристи за современи уметности била завршена пробивајќи ги сите рекорди во продажбата на дела од современа уметност со заработка од 495 милиони долари, најголема во историјата на аукциите. На аукцијата во Њујорк, делата на Џексон Полок, Рој Лихтенштајн, и Жан Мишел Баскијат ги собориле сите рекорди и биле продадени за по 49 до 58 милиони долари. Само четири од понудените 70 предмети не биле продадени.
Најскапа била сликата на полок „Број 19“ од 1948 година која била продадена за 58,4 милиони долари, двојно повеќе од проценетата. „Жена со цветен шешир“ на Лихтенштајн била проценета на 30 милиони, а била продадена за 56,1 милион долари, додека делото на Баскијат “Dustheads” било продадено за 48,8 милиони долари. Сите три дела поставиле нови рекорди за овие уметници.