Прирачникот, чиј издавач е Министерството за образование и наука, има за цел да ја подобри и зајакне соработката и координацијата меѓу сите надлежни институции и индивидуи вклучени во воспитно-образовниот систем, во насока на обезбедување на еднакви услови и можности за квалитетно образование на сите ученици без разлика на верска, национална, религиозна или каква било друга основа.
Министерот за образование и наука, Никола Тодоров, потенцира дека овој прирачник во голема мера ќе ја промени матрицата за начинот на размислување и начинот на прифаќање на различностите и ќе биде сигурно една добра алатка за справување со дискриминацијата која се појавува во различни облици, и различни форми и во различен интензитет, во различни делови од Македонија.