Сабота, 23-ти ноември, со почеток во 10.30 часот во хотел „Филип“ со пригодна свеченост ќе се одбележи јубилејот „15 години од Нуркачкиот центар Амфора“.

Присутните, меѓу другото, ќе имаат можност да слушнат за бројните активности на „Амфора“ кои ги одбележаа изминатите 15 години, за новините во SSI, за Хипербаричната оксигенација, при што ќе се обратат членови на охридскиот Нуркачки клуб, како и нивни гости-соработници од странски земји.

Прославата продолжува во недела за кога е закажано нуркање со бродот „Александрија“.

OhridNews