Општина Охрид и ООУ „Христо Узунов“ со пригодна програма ќе го одбележат јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов.
Настаните од програмата започнуваат денес со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.
Утре, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во Спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама каде ќе настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ќе има драмска изведба на сцени од драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.
Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената програма по повод патронатот на ОУ „Христо Узунов“.
Во четврток, 24-ти април, предвидено е полагање цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во градскиот парк во 10 часот, додека од 11:00 часот во селото Цер, Кичево, ќе се одржи панихида.
OhridNews