Општина Охрид и ООУ „Христо Узунов“ со пригодна програма ќе го одбележат јубилејот 120 години од херојската погибија на Христо Узунов.

Настаните од програмата започнуваат во вторник, 22-ри април, со полагање цвеќе пред спомен бистата на Узунов во училиштниот двор.

Во среда, 23-ти април, ќе биде одржана Свечената академија во спомен – куќата на Христо Узунов со почеток во 12:00 часот. Во рамки на настанот ќе биде промовиран драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ од Зоран Пејкоски, а предвидена е и културно – уметничката прогама каде ќе настапи градскиот хор „Вокс Лихнидос“, ќе има драмска изведба на сцени од драмскиот текст „Света саможртва за Македонија“ и настап на солистот Ѓоко Чеменкоски.

Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената програма по повод патронатот на ОУ „Христо Узунов“.

Во четврток, 24-ти април, предвидено е полагање цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов во градскиот парк во 10 часот, додека од 11:00 часот во селото Цер, Кичево, ќе се одржи панихида.

OhridNews