Во рамките на континуираната програма на Секторот за внатрешни работи -Охрид, за превенција на злоупотреба на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори и борба против болестите на зависност, СВР Охрид во соработка со Црвениот крст Охрид, продолжува со реализација на едукативниот  проект ,, Дрога-вистина и заблуди“ .

Во втората етапа, проектот, од 02.02.2009 година ќе биде спроведен низ основните и средните училишта во Струга, каде на близу 6ооо ученици и нивни родители, низ видео презентација ќе им бидат изнесени негативните влијанија на различните видови дроги по физичкото и менталното здравје. На децата, непосредно ќе им се укаже како дрогата го убива човечкиот организам, како се создава психо-физичка зависност, ќе им се објаснат најчестите причини за посегнување по дрога, кои се методите за превенција, каков е полицискиот и медицинскиот третман на наркозависниците и сл. Целните групи, ќе имаат можност да ја  видат колекцијата на СВР Охрид на различни видови дроги присутни на подрачјето како и дел од приборот што наркозависниците го користат за злоупотреба на дрога. Предавачи се Инспектори од оделенијата за превенција и борба против дрога при СВР Охрид како и доктор-активист на Црвениот крст.

Една од основните цели на проектот ,, Дрога-вистина и заблуди,е поттикнување на младите и нивните родители на размислување за поширока акција на општеството за превенција од злоупотреба на дроги и другите болести на зависност како и создавање на подобра иднина на најмладите.

Инаку, во првата етапа на проектот ,, Дрога-вистина и заблуди“ беа опфатени сите основни и средни училишта во Охрид односно над 5000 ученици и близу 3000 родители. Поради интересот, проектот ќе се спроведе и низ училишните центри во Кичево и Дебар.

Ohridnews