Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција, денеска во зградата на територијалната противпожарна единица, организираше  работен состанок со членовите на Советодавната група граѓани од Охрид, на кој станало збор  за планираните превентивни активности од проектите „Превенција од провални кражби“ и „Превенција од злоупотреба на оружје“.


На состанокот на кој присуствуваа претставници од Секторот за внатрешни работи Охрид, Локалниот совет за
превенција, територијалната противпожарна единица, центарот за
управување со кризи, од Црвениот крст, невладините организации, месните
заедници, концесионерите на плажите, хотелиерите, овластените продавачи
на оружје и претставници на ОБСЕ,  била разгледана и информацијата за превентивните мерки за заштита од пожари особено на отворен простор. Во насока на подигнување на јавната свест изработени се  флаери и друг едукативен материјал кои ќе бидат дистрибуирани на граѓаните.

OhridNews